Бесими се сретна со хрватската амбасадорка Баришиќ
Приоритетите кои се клучни во процесот на пристапување во Европската унија, утврдени со Пристапниот дијалог на високо ниво, беа главна тема наразговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и Данијела Баришиќ, новоименуваниот амбасадор на Република Хрватска во Македонија.
За време на разговорот, информираат од СЕП, стана збор за слободата на изразување и медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, меѓуетничките односи, реформите во јавната администрација, добрососедските односи, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст и вработувањето.
Исто така на средбата беше истакната важноста на постигнувањето напредок во политичкиот дијалог, како и исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Договорот од 2 јуни, анексот од 19 јуни и протоколот од 15 јули.
- На Хрватска гледаме како на значаен партнер заедно со Германија и Полска за Твининг проектот „Понатамошно јакнење на координативните капацитети за процесот на европска интеграција“ кој е наменет пред се за јакнење на капацитетите на СЕП но и на другите институции вклучени во процесот на ЕУ интеграција, истакна Бесими.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух