Бескаматна кредитна линија Ковид1 во износ од 5,7 милиони евра
Развојна банка на Македонија денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра.
– Во првата листа до Владата на Македонија се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени. Доставата на информации до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1, се вели во соопштението од Развојна банка.
Оттаму велат дека се очекува Владата на денешната седница да ја разгледа информацијата и да ги одобри кредитните апликации. По ова, Развојна банка ќе стапи во контакт со компаниите за реализација на договорите за кредит.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса