Бесплатен превоз за деца од руралните средини кои одат во градинката во Македонска Каменица
Дечињата од руралните средини кои ќе бидат згрижени во градинката „Бамби“ во Македонска Каменица ќе добијат бесплатен превоз. Оваа новина, како што истакна директорката на установата Снежана Златановска, се реализира на барање на родителите, во соработка со општина Македонска Каменица.
- За да овозможиме еднакви права за сите родители чии дечиња се пред поаѓање во градинка, во соработка со општина Македонска Каменица, по барање на родителите, обезбедивме превоз за оние што доаѓаат од руралните средини. Ова ќе биде олеснителна мерка со цел социјализацијата на дечињата од руралните средини да биде издигната на едно повисоко ниво, вели Златановска.
Предучилишната установа Бамби од Македонска Каменица за стартот на новата воспитно-образовна година ги пополни предвидените 60 слободни места за дечиња од групата пред поаѓање во градинка. Според Златановска, новата образовна година во градинката ќе ја почнат 180 деца.
-Детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица првиот училишен ден ќе го започне со 180 деца од кои околу 60 ќе тргнат во градинка за прв пат. Свесни сме за големиот број барања на родители кои имаат потреба да ги згрижат своите деца во нашата предучилишна установа и зато можеби предвидената бројка од 180 дечиња ќе биде поголема, но доколку тоа се случи сметаме дека имаме капацитет да се справиме со таквата ситуација, рече Златановска.
Како што истакнаа од градинката во однос на ресурсите со набавка на потребниот дидактички материјал и доекипирање на кадарот создадени се сите неопходни услови за успешен старт на новата образовна година.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз