Без струја утре дел од корисниците во Центар, Кисела Вода, Чаир, Илинден и Сопиште

Без струја утре ќе останат дел од корисниците во општините Центар, Кисела Вода, Чаир, Илинден и Сопиште.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија е заради технички зафати во електросистемот.
Без струја од 08:30 до 10:30 часот ќе бидат корисниците од улици Стефан Јакимов-Дедов од број 10 до број 20, од улица Владимир Полежиновски од број 8 до број 15 и улица Рајко Жинзифов од број 32 до број 40 во општина Центар.
Од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од село Драчево, дел од улица Јанко Мишиќ во општина Кисела Вода, од 08:30 до 14:00 часот улици со броеви 142 и 125 во општина Чаир.
Без струја од 08:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Дељадровци и Грушино во општина Илинден, а од 09:00 до 11:00 часот корисниците од село Горно и Долно Соње, село Чифлик, село Света Петка и село Говрлево. во општина Сопиште.
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
-

Српскиот претседател објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
