Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД.
Според најавата, од 8:30 до 9:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „6“, сите останати корисници во делот од село Арачиново под регионалниот пат во насока кон населба „Илинден“, улиците „4“, „8“, „10“ во општина Арачиново.
Од 8:30 до 9:30 часот, корисниците од улицата „500“ – Марино, од црква „Света Троица“ до фотостудио „Визија“ во општина Илинден.
Во општина Карпош, од 8:30 до 13 часот, корисниците од населбата „Момин поток“ извод кон река Серава. Од 11 до 15 часот, дел од корисниците на улицата „Хелсинки“ број 9А и 9Б и „Ташкентска“ број 18, 16, исто така во Карпош.
Во периодот од 7:30 до 16 часот, дел од корисниците од улицата „1“, над маркет „Давидов“ до кружен тек, „ПВ Метало солар“ во општина Сопиште.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.