Без струја утре повеќе делови на Скопје
Без електрична енергија утре од 7:30 до 17:00 часот ќе бидат корисниците од Кучевишка Бара, во општина Чучер – Сандево, како и од дел од улицата „Призренска“, во општина Бутел.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување технички зафати во електро-системот.
Поради технички зафати во електро-системот на ден 28.03.2016 година без електрична енергија во време од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.
Во време од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Козле“ од број 91 до 95 и од број 106 до 110, во општина Карпош.
Без напон во понеделник од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Дринска“, „Виничка“ и „Нов Живот“, во општина Шуто Оризари, а од 7:30 до 17:00 часот и корисниците од Кучевишка Бара, во општина Чучер – Сандево и од дел од улица „Призренска“, во општина „Бутел“.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка