Македонија
12. February 2025 - 16:46

Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија

Македонците во Албанија и во соседните држави ја имаат владината поддршка, ќе се бранат со  економска стратегија, но тоа не се прави со транспаренти и тапани.  Ова е одговорот на Мицкоски на прашањето што Апасиев му го постави на собраниска седница за тоа како ќе се справиме со агресивната бугарска попаганда која со асмилиција за неколку години го преполови македонското малцинство кај западниот сосед.

Лидерот на Левица побара и институционална поддршка за 280 барања за македонско државјанство на Македонци од Албанија, како и отворање на конзулат во Корча. Побара и Собранието да прифати Декларација за поддршка на македонското малцинство во оваа соседна држава.

За премиерот суштинско прашање и зошто се дозволило Бигарија да поставува услови на Македонија за минорно малцинство тука.

Партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција викендов во Корча беа на состанок со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Левица, претставник од раководството на СДСМ како и заменик министерот за надворешни работи Димитровски. Побараа македонското собрание да донесе Декларација, но и да се формира владин совет за поддршка на Македонците надвор. Побараа ученбици на македонски јазик печатени тука, потоа стипендии за студирање на македонски јазик и фондови за поддршка.