Македонија
7. September 2022 - 8:37

Без вода дел од улиците во Аеродром

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“, „Митре Влаот“, „Црноризец Храбар“ и делови од „Илија Димовски“ и „Димитар Македонски“ во скопската Општина Аеродром.

Од РЦУК-Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и Канализација“ соопштија дека причината за прекинот е изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата „Димитар Туриманџоски“, број 7.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.