Македонија
29. јуни 2019 - 8:47

Без вода од 20:30 часот населбите Хиподром и Трубарево

Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Благоја Стефковски 116Б“ вечерва од 20:30 часот без вода ќе бидат населбите Хиподром и Трубарево.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.