-->
-->
Безопасна состојка во фризерски салон и го направи животот пекол
-->

Фитнес блокерката Чемис Армстронг има 35 години и практикува конзумирање здрави намирници и користење козметика без хемикалии. И покрај тоа, добила силна алергија на прв поглед од безопасна состојка.
Чемис на својот Јутуб канал, на Инстаграм и Фејсбук обично дели совети за вежбање, здрава исхрана и природна козметика, а по ужасната алергија од к’на за фарбање на косата одлучила да ги предупреди другите жени да не наседнуваат на приказните за сосема природни козметики.
Таа била свсна за својата алегија на ППД (Paraphenylenediamine), честа состојка во фарбите за коса и поради тоа внимателно бирала начини на фарбање со минимално или без хемикалии. По посета на фризерски салон во Тексас ја советувале да користи природна к’на.
Многу брзо по третманот темето почнало да ја чеша, а лицето да и отекува. Очите потполно и се затвориле и не гледала цели два дена, а докторот се плашел алергијата може да влијае и при дишењето.
За среќа тоа не се случило, а по девет дена почнала да личи на самата себе. За среќа, повеќе не чувствува болка и апелира за другите жени „не треба да им верувате на луѓето ако ви кажат дека нешто е сосема природно“.
Освен отеченоста, додала и дека кожата и се лупила и дека сега и е приоритет да се повеќе и подобро пази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
