БГНЕС за решението на португалското претседателство: Македонија да признае дека јазикот е кодифициран 1944
Министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва и комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Верхаји денеска ќе ги посетат Бугарија и Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.
Претпладнево во Софија, тие ќе се сретнат со претседателот Румен Радев, како и со премиерот и со министерот за надворешни работи во новата влада, а попладне во Скопје со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата и со министерот за надворешни работи, стои во најавата од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
БГНЕС објави што пишува во документот за кој треба да се дискутира.
Документот практично ги „пренесува“ бугарските предлози во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, што е, сепак, процес каде не се носат оперативни одлуки, пренесува Фактор. За разлика од пристапните преговори, Бугарија е лишена од можноста да реагира доколку РМ повторно не ги исполни своите обврски, толкува БГНЕС. Од документот станува јасно дека властите во Скопје мора да подготват патоказ, чија имплементација мора да се следи во рамките на ПСА. Во исто време, треба да се забележи дека можноста за надгледување на спроведувањето на овој патоказ од страна на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) е во суштина необврзувачка можност да се разговара за ова прашање без инструменти на влијание. Според БГНЕС, станува збор за нов декларативен и правно необврзувачки документ.
Документот од Португалија и нуди на Македонија „да признае дека македонскиот јазик е кодифициран во 1944 година“, а потеклото е изоставено во предлогот на Претседателството. Предвидува двете земји да дистрибуираат еднострани декларации за краткото и долгото име на РСМ.
„Предлогот да се „потврди“ значењето на чл. 11 од Договорот преку еднострани декларации на кој било начин не ја обврзува РСМ да ја прекине својата политика за воспоставување во Бугарија т.н. „Македонско малцинство“ и нејзино промовирање на меѓународно ниво“, смета БГНЕС.
Заев за МИА изјави дека смета оти има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија, но дека не сака ниту да ги зголемува очекувањата на граѓаните бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.
Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава.
Ново на Сител
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп
-
Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите, хуманитарната акција продолжува
-
Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев