Свет
19. April 2017 - 16:00

Би-Би-Си: Американската „армада“ сепак не плови кон Северна Кореја

Американскиот носач на авиони и други воени бродови не се упатиле кон Северна Кореја, туку тргнале во спротивна насока, јави денеска Би-Би-Си.

Морнарицата на САД на осми април објави дека јуришната група „Карл Винсон“ тргна кон Корејскиот Полуостров во момент на растечки тензии поради нуклеарните амбиции на Пјонгјанг. Тогаш американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „испратена армада“.

Но, групата бродови во текот на викендот се оддалечи од Корејскиот Полуостров, помина низ Суданскиот Проток и влезе во Индиски Океан. Сега се движи кон западниот дел на Тихи Океан.