-->
-->
БИБЛ: Кожув поразен од Морнар
-->

Екипата на Кожув претрпе пораз од 91:87 синоќа од Морнар во рамките на натпреварот од 4.коло од БИБЛ лигата што се одигра во Бар. Ова за нашиот претставник во ова натпреварување беше трет пораз, додека екипата на Морнар има максимални четири победи.
Резултатот по четвртини: 29:23; 26:25; 15:22 и 21:17.
Домашната екипа подобро играше во првото полувреме кога во два наврати водеше со девет поени разлика (29:20 и 54:45). Сепак тимот на Кожув во вториот дел успеа да стигне до изедначување, а во првите минути од последниот период двете екипи се менуваа во водството.
Најефикасен кај победникот беше Остин Четмен со 23 поени, додека кај Кожув најмногу поени постигна Брендон Пен – 21.
Табела: Морнар 4-0 (победи-порази), Сигал Приштина 2-1, Кожув 1-3, Берое 0-3.
фото: www.balkanleague.net
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
