Џет-Сет
18. јуни 2016 - 12:41

Бијелогрлиќ се прости од најдобриот пријател - Нека почива во мир!

Сакаше да направи бајка за сите околу себе, а имаше само едно големо срце. Пукна и бајката се прекина. Со овие потресни зборови денеска актерот Драган Бијелогрлиќ се прости од својот пријател, Милорад Мандиќ Манда.
 
Бијелогрлиќ беше децениски пријател на Манда, а не ни насетуваше дека ќе го гледа како умира на сцената.
 
- Добар човек Манда. Мој кум. Вечен пријател. Сакаше да направи бајка за сите, а имаше едно срце. Пукна и бајката исчезна. Сега ако има бар малку правда, тој ќе живее на небото во бајка, кажа Драган на Комеморацијата со солзи и болка.