„Бикини Мун“ на Манчевски ќе се прикажува во кината во Србија
Филмот „Бикини Мун“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски од денеска ќе се најде на репертоарите на српските киносали. Градовите во кои ќе се почне со кинодистрибуција се: Белград, Нови Сад и Крушевац.
Милчо Манчевски беше претседател на жирито на годинашниот белградски филмски фестивал „ФЕСТ“, на кој „Бикини Мун“ имаше своја премиера во Белград. На истиот фестивал беше прикажан и филмот „Портрет на уметникот: Милчо Манчевски“ на режисерката Катерина Вражалиќ, која говори за него како автохтон уметник чии филмови се храбар исчекор од познатите клишеа.
„Бикини Мун“ е американски филм на Манчевски, сниман на локации во Њујорк. Приказната–психолошки портрет на Бикини Мун Дејвис – говори за искршениот идеал на модерното семејство, но и за изгубената приватност во светот окупиран од камери, мобилни телефони и сеприсутните социјални мрежи. Филмската структура на „Бикини Мун“ е филм во филм, во кој филмската стварност е двојно манипулирана.
Светската премиера на филмот беше во Бразил на фестивалот во Сао Пауло, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Беше прикажан и на фестивалите во Сан Хозе, Калифорнија (Синеквест), Белград и Софија. Следуваат Истанбул, каде проекциите се веќе распродадени, Франкфурт, Нешвил, Менхетен.
Србија е втора земја каде што „Бикини Мун“ има редовна кино дистрибуција. Филмот е на редовен репертоар во Скопје во Градското кино „Милениум“, како и во 3Д Кино Битола.
Ново на Сител
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара