Билансот на жртвите во нападот во Истанбул се искачи на 43 лица
Бројот на загинати во синоќешниот троен самоубиствен бомбашки напад на истанбуласкиот аеродром „Ататурк“ се искачи на 43 лица, од кои 39 веќе се идентификувани, јави денеска турската телевизија „Хабер 7“.
Како што јави ТАСС, претходниот официјален биланс на жртви од нападите беше 36 загинати и 147 ранети.
Националноста на жртвите засега не е објавена, иако уште синоќа турските власти соопштија дека најголемиот број од нив се турски државјани. Судиските медиуми во меѓу време јавија дека меѓу ранетите има седуммна државјани на Саудиска Арабија.
Неименуван официјален турски претставник изјави дека конечниот биланс на жртвите може да се искачи и до 50 лица.
Нападот започна синоќа во 22:21 часот по локално време (21:21 по средноевропско време), кога тројца напаѓачи почнале да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и потоа се разнеле со експлозивите што го носеле на себе.
Весникот „Милиет“, повикувајќи се на сознанија од истрагата, објави дека тројцата непаѓачи најверојатно се странци. Весникот посочува дека аутопсијата на остатоците од телата на напаѓачите веќе е завршена, но засега не е утврден нивниот идентитет, што наведува на заклулокот дека најверојатно станува збор за странски државјани.
Ново на Сител
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија