Билатерални средби на Попоски на Бледскиот стратешки форум

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на маргините на Бледскиот стратешки форум вчера и денеска оствари билатерални средби со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец, со американскиот заменик помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт Департментот Хојт Ји, со германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот, со шефовите на дипломатиите на БиХ Игор Црнадак, и на Унгарија Петер Сијарто, како и со директорот на Стопанската комора на Словенија, Само Храбар Милиќ.
Како што соопшти МНР, тема на разговорите беа унапредувањето на билатералните односи и актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Република Македонија, регионот и меѓународната заедница. Посебен акцент се стави на моменталната политичка состојба во Република Македонија, како и проблемот со зголемениот наплив на мигранти.
Во однос на состојбата со мигрантите соговорници, се наведува, потврдија дека е неопходно заедничко решение, со што поскоро унифицирање на позицијата на ЕУ за побрзо решавање на мигрантско-бегалската криза, со соодветен хуман третман на мигрантите, во согласност со меѓународните норми и правила. Беше истакнато дека мигрантската криза е сега во фокусот на повеќето Европски земји.
- Добро е што е поттикната свеста дека тоа не е само македонски, германски, српски или грчки предизвик. Остава надеж дека можеби конечно ќе се преземат и европски чекори. Солидарноста е подобро да се изрази во кризни ситуации и за хумани причини, отколку за остварување локални агенди, истакна Попоски.
Исто така, комплетирањето на Собранискиот состав беше поздравено во контекст на, како што стои, приближување во позитивен правец.
На средбите се разговараше и за регионалната соработка и економските можности во Македонија и опкружувањето, со фокус врз инфраструктурата и привлекувањето странски инвестиции, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
