„Билд“: Ципрас планира „Потами“ да ги замени „Независни Грци“ во владината коалиција
По одбивањето на партијата „Независни Грци“ да ги поддржи новите мерки за штедење, грчкиот премиер Алексис Ципрас планира промена на својот коалициски партнер, пишува грчкиот портал њуз.ин, повикувајќи се на на сценарија објавени од германскиот весник „Билд“.
Според „Билд“, премиерот Ципрас веќе ја подготвил промената и за таа цел имал средби со претседателот Прокопис Павлопулос и со лидерот на партијата „Потами“ Ставрос Теодоракис. Весникот наведува дека Теодоракис ќе биде новиот владин партнер на Ципрас.
Проевропски ориентираниот Теодоракис неколку недели веќе се подготвува за место во Владата, поради што замина за Брисел на средба со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и за Париз на средби со францускиот претседател Франсоа Оланд, пишува „Билд“.
Според весникот, во владејачката Сириза, исто така, има големи несогласувања, бидејќи пратеници од левата фракција планираат да гласаат против новите мерки.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово