Битиќи: Со електронските картички за српските туристи нема да се дестимулира домашниот туризам
Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
– Сумата која што беше одредена е дадена од Јавното претпријатие за државни патишта која стопанисува со патарините. На нивните претходни анализи од претходните години за бројот на посетители со српски регистарски таблици на граничните премини, на патарините се укажа дека скоро три милиони ќе чини помалку приливи за ЈП за државни патишта. Во суштина, тоа не се пари за картички. Тоа е надомест на тоа што ќе се изгуби како приход во ЈП за државни патишта. Тие средства одат на одржување на јавните патишта во државата, на нови инвестиции, истакна Битиќи на новинарско прашање на денешната панел-дискусија „Механизми за поддршка на младите да го одржат сопствениот бизнис и да креираат одржливи работни места“, во организација на Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
