Битиќи: Топлинската енергија во Скопје ќе биде испорачана навреме
Навреме ќе биде испорачана топлинската енергија до домаќинствата во Скопје, граѓаните не треба да се грижат, порачува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
На денешната прес-конференција во Владата, Битиќи нагласи дека она што е најважно во моментот е постапката за избор на нов економски оператор на топлинска енергија да биде транспарентна и да заврши навреме.
– Според Законот за енергетика, БЕГ мора да ги исполнува своите обврски додека не се назначи нов економски оператор. До пред две седници на Владата беше задолжен Генералниот секретаријат да распише процедура за нов економски оператор. Дали тоа ќе биде ЕСМ или било кој друг оператор не можеме да прејудуцираме, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања.
Прашан дали Владата се подготвува финансиски да помогне во случај ЕСМ да биде избран за нов оператор, Битиќи одговори дека најпрво треба да се види која ќе биде новата цена на парното греење, а потоа да се разгледа дали ќе бидат потребни евентуално финансиски интервенции.
– Ако ЕСМ го преземе управувањето со топлиниската енергија во град Скопје, како секоја друга компанија ќе треба да има соодветни финанасиски ресурси. Мислам дека они влегуваат во ова на начин како што влегуваат во било која друга инвестиција, рече Битиќи.
Од Владата најавуваат и мерки за поддршка за најранливите категории на граѓани кои немаат алтернатива за греење, освен парно.
– Министерството за финансии веќе работи на дизајнирање на ваквите мерки за поддршка на најранливите категории. Мерките треба да бидат таргетирани и насочени кон семејствата кои имаат ниски примања, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
