Битолчани поднеле 2.677 барања за надомест на предизвикана штета од земјотресот
На објавениот повик од страна на Општина Битола за надомест на штета предизвикана од земјотрес евидентирани се 2.677 барања. Градоначалникот Тони Коњановски потврди дека се формирани комисии кои ќе ги разгледуваат барањата и ќе постапуваат по барањата кои ги исполнуваат условите за надомест на штета.
-Во врска со постапката за проценка на штетите, минатата недела на состанокот со претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, се договоривме во текот на оваа недела, стручните лица од ИЗИИС да им одржат обука на членовите на комисиите кои ќе вршат проценка, во врска со што истите треба да се обучени согласно Законот за заштита и спасување. За штетите настанати од земјотресот остваривме и работен состанок со претставници на Владата, а во понатамошното постапување очекуваме поддршка од нивна страна, како што и најавија владините претставници, изјави градоначалникот Коњановски.
Од Општина Битола потврдија дека постапката за легализација на објекти во тој град е завршена за над 1.000 предмети, а наскоро ќе почне и решавањето на предмети за легализација поврзани со неколку рурални места.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница