Битолскиот театар гостува во Канада

Актери од НУ Народен театар-Битола вечер во Meadowvale theatre во Торонто, Канада ќе ја изведат претставата „Без паника“.
Комедијата „Без паника“ работена според текстот на финскиот автор Мика Мулуахо, а во режија на Благој Мицевски, во 2014 година беше прогласена за „претстава на годината“, а вечер во Торонто ќе биде одиграна по 75 пат.
-Во претставата настапуваат актерите Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања. Во комедијата доминира еден безвременски текст, разбирлив на сите јазици и во секоја држава и затоа и во Торонто постои голем интерес за овој проект. Влезниците по цена од 30 долари одамна биле распродадени, што значи вечер во 20 часот по локално време ќе има прекрасен амбиент за изведба на претставата, информираат од тимот на Битолскиот театар.
Во претставата користена е музика од повеќе изведувачи, преводот е на Оливера Павловиќ, драматург Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ, а кореограф Валентино Апостоловски.
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
