Битолскиот театар освои Гран при на фестивал во Крагуевац
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола освои награда Гран при на фестивалот „Јоакимфест“ што се одржа во Крагуевац, Србија.
Највисокото фестивалско признание е за театарската претстава „И коњите ги убиваат, зар не?“ од Хорас Мек Кој во режија на Мартин Кочовски.
Во одлуката на меѓународното стручно жири во состав Нада Кокотовиќ, режисер од Хрватска, Радмила Петковиќ, поетеса од Србија и Јасмина Димитријевиќ, глумица од Србија, се посочува дека наградата Гран при се доделува за најдобра театарска претстава во целина, односно за претстава која на модерен начин го презентира делото на Хорас Мек Кој. Претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ е снажен театарски чин кој го пробива филмско платно и доаѓа до гледачот со цела своја вистина, соопштија од меѓународното стручно жири.
Во најнаградуваната театарска претстава на битолскиот театар во оваа година „И коњите ги убиваат, зар не?“, главната улога ја толкува Илина Чоревска, а настапуваат и актерите Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Анастазиа Христовска, Викторија Степановска Јанкуловска, Филип Мирчевски, Марија Стефановска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп