Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
Постојат компании кои работат и компании кои водат. Разликата не е секогаш видлива на прв поглед. Затоа веќе 14 години Бонитетната агенција Таргет Груп во Македонија го прави она што малку кој може: со независна методологија базирана на над 25 финансиски индикатори, ги издвојува компаниите кои навистина водат.
Деветта година по ред.
Топ 2% по бонитетна успешност. Топ 100 и Топ 500 по приходи, добивка и број на вработени. Топ 20 во дејноста. Не самопрогласени титули - верифицирани рангирања кои пазарот ги препознава и почитува.
Оваа есен, сите тие компании се среќаваат на едно место.
На 15 октомври, трет пат по ред, Македонската филхармонија го отвора своето свечено катче за Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - најпрестижниот бизнис настан во земјата, со над 500 гости од врвот на македонската економија. Настан кој за три години прерасна во задолжителен календарски датум за секој сериозен бизнис во Македонија.
Уште од самиот почеток, Халк Банка стои до овој настан како генерален покровител три години по ред, доследно и без исклучок. Тоа не е случајност, туку јасен израз на нивната посветеност кон афирмацијата на македонскиот бизнис и поддршката на компаниите кои создаваат вредност.
На сцената таа вечер ќе бидат доделени признанија за најбрзорастечки компании, жени лидери, компании со највисока бонитетна оцена, лидери во дејности, компанија на годината, меѓу многу други категории.
Компаниите кои ќе го активираат својот сертификат за бонитетна успешност, Топ 100/500 или Топ 20 во дејноста - не само што го потврдуваат своето место во елитата на македонската економија, туку добиваат и влезница за настанот, дигитален беџ со верификација, право да го носат знакот „Бизнис Лидер" и медиумска видливост на пазарот.
Бизнис Лидер Conference & Awards не е само свеченост. Тоа е платформа која ги поврзува сегашните и идните двигатели на македонската економија, луѓето и компаниите што создаваат можности, отвораат пазари и градат иднина.
Повеќе за сертификатите и рангирањата погледнете на следниот линк.




Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
