Бизнис секторот подготвен финансиски да ги поддржува локалните НВО

Приватниот сектор од Тетово е подготвен да соработува и финансиски да ги поддржува локалните невладини организации, беше речено на денешната средба на претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) ги Фондацијата Албиз со бизнисмените и НВО од овој град.
Како што соопшти Комората, еден од предлозите за обезбедување финансиска поддршка е Фондацијата да генерира средства од бизнис секторот за имплементација на програмските активности на невладините организации.
- Невладините организации од Тетово досега немале соработка со приватниот сектпр на посакуваното ниво зашто пристапот кон нив не бил доволен. Тука треба да се нагласи подготвеноста на приватниот сектор од овој регион за поддршка на активностите на невладините организации, информира Комората.
Главната цел на средбите од овој тип, стои во соопштението, е воспоставување долгорочни ефективни партнерства меѓу двете страни кои на крајот би резултирале со поголем капацитет на локалните невладини организации да генерираат приходи од бизнис секторот, но и од други фондови.
Средбата во Тетово се организира во рамки на проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, имплементиран од Фондацијата Албиз и СКСЗМ со поддршка на ЕУ. Целта на проектот е поголема одржливост на граѓанските општества во земјава преку зголемување на финансиската независност.
Средби со бизнисите и локалните НВО до крајот на месецов ќе се одржат и во други градови низ Македонија.
Ново на Сител
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
