Бизнисменот Дака демантира дека дал мито
Бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ преку писмо негираше дека дал мито окако неговото име стана актуелно по објавата на снимка од разговор со Зоран Милевски Кичеец. Дака тврди дека во минатото подготвувал мултимилионски проект во реонот на Штип со која е предвидувана изградба на мали хидроцентрали и паркови на енергија на ветер. На Зоран Милевски Кичеец вели дека му платил 300.000 илјади евра за консалдинг, посредување и застапување во постапката за обезбедување на потребните дозволи.
- Медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Сето ова укажува дека некому е само цел деловно да ме дискредитира.
- Фактот дека наведените парични средства сум ги исплатил на г-динот Зоран Милевски во времето на Владата на г-динот Никола Груевски, а не во Владата на г-динот Зоран Заев, исто така потврдува колку написите се невистинити, а над се со цел и монтирани.
Бизнисменот во писмото тврди дека Милевски не му ги обезбедил потребните документи и му договорил само една средба со заев на која тогашниот премиер го пренасочил за идните можности за конецесии да разговара со генералниот секретар Рашковски.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата