Македонија
1. May 2024 - 14:24

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај.

Во услови на влошена економско-социјална положба на работниците, единствен гарант се само силни синдикати.
Независни цврсти, добро организирани и меѓусебно  координирани синдикати можат да ги штитат и унапредуваат правата на работниците.

Слабо платените работници и други работоспособни граѓани ја напуштаат Македонија. Ваквата состојба е резултат на вкупните лоши политики и негрижата на власта и работодавците кон тие што работат и создаваат нови вредности.

Демократскиот сојуз е прва партија која во МакедонскиотПарламент предложи минимална плата, како што предлагаме и дефинирање на минимална пензија.

Повеќе од јасно е дека е неопходен системски пристап и вреднување на трудот на секој вработен, но без реформи и борба против високата корупција состојбите нема да се променат.

Според Павле Трајанов:
"НАРОДОТ НЕ МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ВЛАСТА МОЖЕ ДА УКРАДЕ"
Демократскиот сојуз ги повикува синдикатите, на претстојните избори да се вклучат во промените.

Демократски сојуз