Блажевска:Процесите за транзитирање на мигрантите низ Македонија се коректни
Денеска видов дека постои добра координација меѓу државните институции и другите партнери како невладините и хуманитарните организации на ЕУ и ОН, така што можам да кажам дека сите процеси за транзитирање на мигрантите низ Македонија се сосема коректни, изјави при посетата на ПТЦ Гевгелија, Ана Блажевска, државен секретар на Секретаријатот за европски прашања, задолжен за координација на институциите вклучени во справувањето со бегалската криза.
Минатата година, како што рече Блажевска, кризата не фати малку неподготвени и затоа годинава мора да бидеме поподготвени и да видиме како можеме подобро да одговориме на потребите на мигрантите.
- Имаме доволно донации за овој наплив на мигранти од по неколку илјади дневно, но мислам дека мора да антиципираме и подобро да се подготвиме за да не се повтори како лани дневно да ни доаѓаат по 7 до 8 илјади мигранти оти освен хуманитарната, бегалската криза има и безбедносна компонента која меѓународните организации не можат да ја покријат и затоа меѓународната заедница мора во иднина да насочи дел од помошта и кон нашите институции кои имаат огромни трошоци, нагласи Блажевска.
Раководителот на ПТЦ Гевгелија, Зоран Лазаровски потврди дека кампот во задоволителни количини има се што им е потребно на мигрантите и посочи дека за уште поуспешно справување со бегалската криза потребно е доекипирање и обновување на капацитетите кои беа истрошени изминативе пет месеци.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами