Македонија
25. January 2025 - 17:02

Македонската полиција се засили со нови 497 припадници

Секојдневното будење во пет часот наутро можеби не е вашиот избор, што не е случај за новите 500 полициски службеници со кои се засили македонската полиција. Идните чувари на безбедноста на граѓаните, денеска се обврзаа дека ќе ги почитуваат Уставот и законите на држават. 

Да се биде полицаец не е само работа, туку професија со голема одговорност, им порачаа надлежните на 13-те тимови на нови полициски службеници.

За новите полициски службеници униформата претставува гордост, работата чест.

Основната обука за полицаец започнала лани. Успешно ја завршуваат скоро 500 кандидати. 121 една од нив се жени, а 376 мажи.