Блер: ИД ќе биде уништена само со копнена акција
Исламска држава ќе биде уништена само со копнена акција на војски од Западот, изјави денеска поранешниот британски премиер Тони Блер.
– Само со воздушни удари екстремистите нема да бидат победени. Против нив треба да се преземе конкретна копнена акција со поддршка од британски, американски и други армии од западот, нагласи Блер.
На надворешно-политичка дискусија во Лондон Блер дополни дека армиите на САД, Британија, Франција и други големи држави имаат капацитет.
– Целта е да се уништи тој противник? Мојот одговор е – да, потенцира Блер.
Тони Блер бешпе британски премиер од 1997 до 2007 година. Тој призна дека државите што учествуваа во инвазијата врз Ирак ги потцениле дестабилизациските сили во Ирак по соборувањето на Садам Хусеин, „без разлика дали се од Ал Каеда од сунитска страна или Иран и негови милиции“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“