Блиц: Хрвати добиле 10.000 евра за учество во тепачката на фудбалско дерби во Белград

Тројца од шестмината приведени Хрвати, кои учествуваа во масовната хулиганска пресметка за време на дербито во Белград, биле платени за учество во тепачката. Кај еден од нив е најдена и одредена количина дрога, за која казната е неколку години затвор, пишува „Блиц“.
Според весникот, Хрватите, кои биле од Сплит, добиле 10.000 евра да дојдат во Белград и да направат немири на фудбалското дерби Паритзан - Црвена Звезда.
Полициски извори на Блиц не наведуваат кој е нарачателот, за да не се влијае на истрагата.
- Парите потекнуваат од „жестоко момче“ од белградското подземје. Тој не доаѓа на натпревари и не е меѓу хулиганите, изјави анонимен извор за весникот.
Во тепачката учествувале најмалку шестмина Хрвати, меѓу кои и боксерот Дамир Товаровиќ, некогашниот државен првак на Хрватска во боречки спортови.
Во големото 156-то дерби меѓу Партизан и Црвена звезда, кое во средата заврши без победник 1-1, беа повредени повеќе „гробари“.
До инцидентот дојде во моментот кога 50-тина навивачи на Црвена звезда почнале да ги кинат транспарентите на „гробарите“, при што навивачите на Партизан веднаш физички се пресметале со „делиите“.
Како што информираа спрпските медиуми, дел од повредените биле претепани и соблечени до гола кожа, а некои имале и изгореници од запалените факели.
Тепачката, која траеше 10-тина минути, беше спречена од страна на полицијата, која од стадионот отстрани навивачи.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
