Блинкен: Премногу Палестинци загинаа во Газа, мора да се намалат цивилните жртви

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Њу Делхи изјави дека „премногу“ Палестинци загинале во Газа, истовремено наведувајќи дека САД ги ценат чекорите на Израел цивилните жртви да ги сведе на најмала можна мерка, но дека не е доволно.
Тој истакна дека САД му предложиле на Израел подолги паузи во војната со цел да се достави хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, како и да се зголеми количината помош што влегува во Газа.
Блинкен рече дека САД ги ценат напорите на Израел да воспостави паузи во неговите воени операции, како и друг безбеден коридор за да се намалат цивилните жртви и да се зголеми помошта за Палестинците.
Министрите за надворешни работи на САД и Индија и за одбрана се сретнаа денеска во Њу Делхи за да разговараат за безбедносните прашања кои ги вклучуваат Индо-пацификот, Кина и војната меѓу Израел и Хамас. Блинкен им рече на новинарите дека САД и Индија имаат силно партнерство.
„Промовираме слободен, отворен и просперитетен азиско-пацифички регион, вклучително и зајакнување на нашето партнерство во „Квад“ со Јапонија и Австралија“, рече Блинкен на почетокот на состанокот.
Посочи дека соработката во областа на одбраната е клучен столб во односите меѓу земјите.
Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток предизвикува голема загриженост. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот индиски колега Рајнат Синг ќе разговараат за мапата на патот за соработка меѓу двете земји во одбранбената индустрија. За време на посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на САД во јуни, двете страни усвоија насоки за одбранбената индустрија за да им овозможат заеднички да произведуваат напредни одбранбени системи и да соработуваат на нивното истражување и тестирање.
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
