-->
-->
Блинкен: Продуктивен разговор со српскиот претседател на Минхенската безбедносна конференција
-->
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен напиша дека имал „продуктивна средба“ со српскиот претседател Александар Вучиќ во Германија, каде што двајцата учествуваат на Минхенската безбедносна конференција.
- Разговаравме за важноста за нормализирање на односите со Косово и пренесов колку ја цениме континуираната српска поддршка за Украина, напиша Блинкен доцна синоќа на Твитер.
- Ја делиме желбата на Србија за иднина со ЕУ, додаде Блинкен.
Вучиќ, кој присуствува на безбедносната конференција во Минхен, синоќа по средбата со американскиот државен секретар на Инстаграм напиша дека освен што разговарале за односите меѓу Белград и Приштина, „го потврдиле и подобрувањето на односите“ меѓу двете земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната