Блинкен: Санкции сега против Русија би ја намалиле можноста за спречување на агресија врз Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја отфрли идејата сега да се воведат економски санкции кон Русија, велејќи дека тие ќе ја намалат способноста на Западот да спречи можна руска агресија врз Украина. Руската акумулација на војници во близина на границата со Украина предизвика загриженост кај западните земји дека Русија би можела да ја нападне Украина. Доколку Русија навистина изврши напад, западните земји и се закануваат со санкции кои би можеле да имаат далекусежни економски последици.
Блинкен додаде дека и најмалиот агресивен руски влез во Украина ќе наиде на силен одговор.
На прашањето дали рацете на САД во однос на Украина се врзани поради потребата од руска поддршка во одвоените преговори за иранската нуклеарна програма, Блинкен, како гостин во програмата на каналот Си-Би-Ес, одговори дека „ни најмалку не се“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет