„Блу гоуст“ слета на Месечината
– Вселенското летало „Блу гоуст“ (Blue Ghost) денеска слета на Месечина и ја почна двонеделната истражувачка мисија.
Леталото со големина колку автомобил, со четири нозе слета во близина на вулканскиот кратер на „Море на кризи“ (Mare Crisium).
„Блу гоуст“ се спушти со брзина од 2,3 километри на час, што овозможи прецизно и контролирано слетување на Месечината.
Леталото е на американската приватна компанија „Фајрфлај аероспејс“ (Firefly Aerospace).
Таа е втора приватна компанија која изврши меко слетување на Месечината, по „Интуитив машинс“ (Intuitive Machines), чие летало Одисеј слета на Месечината минатата година.
Досега, само пет земји успешно извршиле меко слетување на Месечината: поранешниот Советски Сојуз, САД, Кина, Индија и Јапонија (минатата година).
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“