Бизнис
3. April 2024 - 16:32

Блумберг Адриа предвидува забрзан раст на македонската економија и стабилизирање на инфлацијата

Забрзан раст на македонската економија, стабилизирање на инфлацијата, пониска невработеност и повисоки плати, предвидува Блуберг Адриа во најновата анализа. БДП годинава ќе достигне 2,4%, бројки кои се пооPтимистички од декемвриските, а главен двигател ќе биде зголемениот извоз на германскиот пазар, како наш најголем трговски партнер  и влезот на странските инвестиции, особено во втората половина годинава

Како инвестициите ќе се зголемуваат преку канаLите на ниар шоринг, односно преселување на капиталот, вработување на атрактивна работна сила за големите европски производители, особено во однос на подалечните азиски пазари. Морам да напоменам дека Северна Македонија, и натаму нуди високо квалификувана работна сила, со низок трошок за големите европски компании, изјави Андреј Кнез, главен аналитичар на Блумерг Адриа.

Иако лани платите кај нас растеа со највисока,  двoцифрена стапка во однос на другите земји од регионот, оваа година трендот на пораст ќе продолжи, но не со толкава динамика,  вели Кнез. За да се задржат работниците, ќе мора да се платат повеќе, а токму повисоките плати можат да ја подгреат инфлацијата, која полека се стабилизира.

Најголем ризик за македонската економија е укинувањето на ограничувањето на цените, бидејќи храната има најголемо учество во формирањето на просечната инфлација, во споредба со останатите земји од регионот. Исто така, зошто инфлацијата нема значително да се спушти под нивото од 3% во просек е поради солидната домашна потрошувачка, која ќе го поддржи цените на услугите и ќе влијае на базичната инфлација, која изминатиот период беше во сенка, додава Кнез.

Цените на суровините на светските берзи веќе се вратија на ниво пред пандемијата, освен кај шеќерот, какаото и кафето.

Затоа експертите очекуваат повисоки цени кај овие продукти, додека кај основните, прехранбени не се очекува значителен скок на цените.