Бобан Илиоски повторно во негов стил со победи на WAKO-PRO ARENA FAJT турнирот во Сплендид Будва
Нашиот најтрофеен кик боксер Бобан Илиоски со својот тренер и претседaтел на Македонската кик бокс муаи-таи федерација синоќа се вратија од настапот во Будва Црна Гора каде имаше борби на WAKO - PRO ARENA FIGHT турнирот во 86кг. дисциплина К1 помеѓу најдобрите борци шампиони во WAKO.
1.Бобан Илиоски – Македонија
2.Борна Манојловиќ – Хрватска
3.Алберт Угринчиќ – БиХ
4.Филип Секуловиќ – Црна
Борбите беа на систем на елиминации.
Бобан Илиоски е победник на турнирот на ВАКО Про Арена фајт. Во полуфиналето Илиоски се сретна и славеше победа против Алберт Угриншич од Босна и Херцеговина со 3:0, а во финалето се сретна со Филип Секулович од Црна Гора кого го победи исторска со 3:0.
За овој настап Илиоски беше на подготовки во Холандија, каде додека беше таму имаше понуда за борба на настанот Фајт најт топ екшн во Турнхоут, Белгија, на оваа борба извојува победа со нокаут против домашниот кикбосер Леви Кујкен во К1 до 85.
Бобан Илиоски е веќе познат како високо реномиран борец во светот со што понудите за нови борби како и цената негова е постојано во пораст. За 13 Мај има закажана борба за Европска титула и појас Европско SENSHI шампион на престижниот турнир SENSHI во Варна против Едуард Алексијан во К1 85 кг.
Оваа година му престојат учества на две светски првенства во Кик Бокс и во Маи Таи каде очекуваме од двете првенства злато.
Бобан Илиоски ќе има шанса на домашен терен да се бори за Европски појас за титула Европски WAKO-PRO шампион. Во тек се организациските подготовки околу условите, времето и финансиите.
Ново на Сител
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО
-
Се уште нема нови информации од информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот