-->
-->
Богата агенда на младите македонски кошаркарски селекции
-->
Во овој период од годината активни се неколку млади македонски кошаркарски селекции.
Јуниорската македонска репрезентација која настапува во Б дивизијата на ЕП во Унгарија по вчерашниот минимален пораз од Шведска, ги загуби шансите за влез во полуфиналето, а со тоа можноста за евентуален пласман во елитната конкуренција. Сега на избраниците на селекторот Малинков им престојат два натпревари, за пласман од 5 до 8 место, а првиот е веќе утре против Холандија.
Со одигрување на контролни натпревари за претстојните европски првенства се подготвуваат и селекциите до 18 и 16 години.
Повозрасните (селекцијата до 18 години) денеска и утре во Самоков ќе одиграат две контролни средби со врсниците од Бугарија, против кои пред 15-тина дена во Скопје еднаш победија и еднаш беа поразени. Тие ќе настапат на ЕП во Австрија од 23 јули до 2 август, каде во првиот дел во „Д’’ групата за противници ќе ги имаат врсниците од: Исланд, Данска, Ирска, Израел и домаќинот Австрија.
Селекцијата до 16 години, вечерва во СЦ Кале во Скопје, од 20 часот, ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари против Бугарија, која пак ќе биде домаќин на кадетското ЕП од 6 до 16 август во, ма кое македонските надежи ќе играат во групата „Д’’ против селекциите на: Шведска, Португалија, Украина, Исланд и Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари