Богојавление - Водици се чествува и во Охрид
Утрово со Златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско во 08:00 часот почна чествувањето по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици.
Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8 часот, освен на Плаошник.
Во 9.45 часот ќе следи поаѓање на литиите кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши големиот богојавленски водосвет и ќе се фрли крстот во осветените езерски води.
Директен пренос од оваа манифестација гледајте на Сител со почеток во 09.10 часот.
Околу 350 верници денеска ќе се фрлаат по светиот крст во водите на Охридското езеро. Градот целосно е подготвен за богојавленскиот водосвет, а традиционалното фрлање на крстот и осветувањето на водите во Охридското езеро ќе се случи во 10 часот на градското пристаниште. Потоа точно на пладне на Сараиште ќе се одржи и традиционалното масовно крштевање во осветените води на езерото.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце