Богослужба по повод „Св.Наум Охридски“ во Делчево
Во чест на еден од основоположниците на македонската писменост Св.Наум Охридски, денеска делчевското свештенство во крстилницата посветена на светителот, служеше света божествена литургија.
Како што истакна отец Атанас Поповски пред верниците, свети Наум Охридски е еден од рамноапостолните ученици на сесловенските учители, светите браќа Кирил и Методиј и светител кој одиграл битна улога во распределувањето на православната вера помеѓу словенските племиња на Балканот на мајчиниот словенски јазик.
-Тој е еден од пионерите на тоа големо дело, тој и денес е еден од најпочитуваните светители во Македонија, заедно со свети Климент, што се докажува со тоа што, на неговиот манастир на Охридското езеро доаѓаат поклоници на неговото дел од целиот свет, рече Поповски.
Преку моштите на светителот кој бил и чудотворец оздравувале многу луѓе од разни болести додаде Поповски.
-Свети Наум бил чудотворец, молитвеник и неуморен работник во преведувањето на светите книги. Од неговите мошти оздравеле многу луѓе кои го посетиле неговиот гроб, додаде Поповски.
Од црквата ги поканија верниците на богослужбите кои ќе следат за Бадник и Божик, како и за втората Бадникова поворка која утре со почеток во 10 часот ќе се одржи во Делчево.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје