-->
-->
Бојан Костадиноски го фати крстот на железниот мост во скопски Хром
-->

Дваесет и двегодишниот Бојан Костадиноски го фати крстот на манифестацијата за одбележувањето на верскиот празник Богојавление – Водици, на железниот мост во населбата Хром, на границата меѓу скопските општини Карпош и Ѓорче Петров.
На манифестацијата присуствуваа голем број на граѓани од двете општини, како и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, кој заедно со советниците на присутните им го честитаа денешниот празник и им посакаа добро здравје, среќа и благосостојба.

Општина Карпош информира дека традиционално го поддржува одбележувањето на Водици со посебна единица – тим за спасување во водите на Вардар, со цел поголема безбедност на учесниците при фаќањето на крстот, а се одвојуваат и средства од општинскиот Буџет за логистичка поддршка на целиот настан
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип