Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
Во Босна и Херцеговина денеска се одржува акција за бојкот на продавници, угостителски објекти и бензински пумпи, организирана преку социјалните мрежи од неформална група граѓани како протест против растот на цените на основните прехранбени производи и други услуги.
Бојкотот го поддржаа здруженија на потрошувачи, синдикати, поединечни политичари и Институцијата на Омбудсманот за заштита на потрошувачите.
Омбудсманот Саша Мариќ изрази надеж дека овој бојкот ќе биде првиот чекор кон будење на свеста кај потрошувачите дека нивните пари се важни за трговците, кои треба да ја оправдаат нивната доверба со подобар однос кон нив и кон својот профит, пренесе регионалната телевизија Н1.
Сараевските медиуми известуваат дека во речиси сите трговски центри во главниот град има значително помалку купувачи од вообичаено.
Од друга страна, во Бања Лука и денеска имаше голем број граѓани во продавниците, но трговците велат дека работат со малку намален интензитет.
Оваа акција се спроведува по примерот на слични протести организирани во соседните земји
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие