-->
-->
Боки 13 пред ризична операција
-->
Низа испитувања му се прават на Бојан Јовановски-Боки 13, по кои треба да се одлучи дали ќе замине на операција за која има висок ризик од смртност.
Двајца хирурзи ја разгледуваат секоја можност за да му се подобри здравствената состојба, откако тој беше хоспитализиран во болница. Докторот Божин Ефтимов за „А1он“ посочува дека прават обиди за да се подобри здравјето на Јовановски без операција, но испитувањата ќе го дадат конечниот одговор.
„Доколку не дојде до подобрување на здравствената состојба пациентот ќе мора да биде опериран. Се прават дополнителни медицински иследувања по кои ќе донесеме одлука“, изјавил хирургот Ефтимов.
Бојан Јовановски е хоспитализиран веќе една недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?