Боки 13 преку српски Курир испрати порака: Ако ме убијат во затвор, доказите против Заев се кај мојата мајка
Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, за време на полициското сослушување после неговото приведување рекол дека поседува докази против премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, кои ги сочувал на сигурно на повеќе адреси, пишува српски Курир.
-Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам пред се на Заев и неговата влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мојата мајка и на уште неколку адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, мачите, застрашувате, убаво ви кажувам, да не испадне после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден – рекол, според српски Курир, Боки 13 на сослушувањето.
Весникот уште објавува дека Боки 13 не е сам во притвор, туку хашката соба во Шутка ја дели со уште еден притвореник поради безбедноста проценка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток