Болсонаро ја критикуваше тиранијата на тотална изолација
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно ги критикуваше рестриктивните мерки во момент кога во земјата се регистрирани повеќе од 15.000 смртни случаи и речиси 223.000 заразени лица со Ковид-19.
„Невработеноста, гладот и сиромаштијата ќе бидат иднината на оние кои се залагаат за тиранијата за целосна изолација“, напиша Болсонаро на својот профил на Твитер.
Лидерите на бразилската екстремна десница и бразилскиот претседател неколку пати веќе ги критикуваа мерките за изолација и јасно ставија до знаење дека се залагаат за враќање кон нормалноста.
Медиумите пишуваат дека тоа е водено од економски интереси, а не од благосостојба на граѓаните на земјата и дека во Бразил, која е меѓу десетте држави најпогодени од пандемијата, бројот на пациенти е веројатно многу поголем од официјалниот, затоа што не се спроведуваат доволен број тестирања.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите