Болсонаро се враќа во Бразил, нема да ја предводи опозицијата
Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, се враќа во земјата по тримесечниот престој во САД, решен да игра голема политичка улога во својата татковина, откако актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва извојува тесна победа на последните претседателски избори, што се одржаа во октомври.
Екстремно десничарскиот поранешен претседател, кој се наоѓа под серија истраги, по враќањето во земјата ќе се соочи со правни постапки, а можно е и негово притворање.
Болсонаро го напушти Бразил на 30 декември, уште пред истекот на мандатот, бојкотирајќи ја церемонијата на инаугурација на Луис Инасио Лула да Силва, на кого, според протоколот, требаше да му ја предаде претседателската лента.
-Нема да ја водам опозицијата на кој било начин, ќе учествувам во политичкиот живот на мојата партија, носејќи го моето искуство“, изјави тој синоќа за Си-ен-ен Бразил на аеродромот во Орландо, пред да влезе во авионот за дома.
Со своите 68 години и по поразот со помалку од два милиони гласови што го турнаа во тишина и дури и депресија, Болсонаро минатата недела ја објави својата намера да „патува низ земјата“ и „да се вклучи во политиката“ за да ги брани бразилските ултраконзервативни вредности.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
