Болсонаро за немирите: Уништувањето јавни објекти не е во согласност со правото на протест
Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, чии приврзаници вчера упаднаа во Националниот конгрес, претседателската палата и Врховниот федерален суд, на Твитер напиша дека „нападите и уништувањето јавни објекти“ е во спротивно правото на мирен протест.
Во друг твит Болсонаро, кој се наоѓа во во САД, ги отфрли „недокажаните обвинувања“ на неговиот наследник Лула, дека за „фашистичкиот вандализам“ е виновна реториката на неговиот претходник.
И партијата на поранешниот претседател ги осуди постапките на неговите приврзаници, јави ДПА.
„Денес е тажен ден за бразилската нација. Денешните настани во Бразил се срам за сите нас, тие не ја претставуваат нашата партија, тие не го претставуваат Болсонаро“, изјави лидерот на Либералната партија, Валдемар Кошта Нето.
Ново на Сител
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
