-->
-->
Бомба експлодира во северна Митровица
-->
Косовската полиција информира за експлозија на бомба, што се случи рано утрово во северниот дел на Митровица, при што нема повредени и е причинета само материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина.
Експлозијата се случила околу три часот утрово пред сала за фитнес, во сопственост на етничкиот Бошњак Сеад Чешко, кој е и припадник на косовската полиција, на служба на граничниот премин со Србија, Брњак.
Од експлозијата се скршени стаклата на прозорците на салата и е оштетно едно патничко возило „сеат ибица“.
Заменик командантот на косовската полиција за митровичкиот регион, Бесим Хоти изјави за медиумите дека засега не се знае целта на нападот, ниту кој стои зад него, бидејќи истрагата е во почетна фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата