Свет
19. April 2018 - 22:55

Бомба во Москва - зградата на руското МНР евакуирана

Министерството за надворешни работи во центарот на Москва тно е евакуирана по телефонски повик дека во зградата има експлозивна направа.
 
Медиумите пренесуваат дека зградата на МНР е евакуирана, откако беше примен анонимен повик.
 
Нема информации колку луѓе се наоѓале во зградата во тој момент.
 
Според информациите, околу 40 лица се евакуирани.
 
Итните служби се на терен.