Борба во прегратка на смртта: Во пресметка на алигатор и питон од 15 метри може да преживее само еден!

Додека возел велосипед, еден новинар од Флорида здогледал ретка глетка – борба помеѓу 15 метри долг бурмански питон и алигатор.
Новинарот Капози вели дека вниманието му го привлекло невообичаеното прскање во водата, додека тој возел велосипед низ Националниот парк Јужна Флорида, пренесува Palm Beach Post. Се работело за една застрашувачка борба, борба за паметење.
- Питонот со целата своја должина се обвитка околу алигаторот, додека и двајцата беа под вода и водеа огромна борба за своите животи, изјавил тој.
На крајот, питонот победил, што според мислењето на стручњаците и не е секогаш случај. Така на пример, во 2013-та година било забележано за еден крокодил да успее да усмрти питон, но во 2006-та година било забележано како еден бурмански питон успеал да убие алигатор. Правила во овој случај нема...
Погледнете...
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
